Зошто путер од бадеми?

Споделете со пријателите

Кога купувате путер од јатки, најбитно е да го проверите составот. Доколку путерот е направен 100% од јатки, тогаш тој е вистинскиот.

Путерот од бадеми кој го има во нашата линија содржи 100% бадеми што значи дека ги содржи здравите масти, протеините и сите витамини и минерали кои ги има во целите бадеми.

Нутритивни факти во една лажица (15 g) путерот од бадеми:

  • калории: 85.6
  • масти: 7.5 g од кои заситени само 0.5 g
  • јаглехидрати: 3.7 g
  • влакна: 1.6 g
  • шеќери: 0.5 g
  • протеини: 3.3 g

Путерот од бадеми е многу калориски густ, но содржи само околу 3.7 g на јаглехидрати во 1 лажица, од кои скоро половина се нерастворливи влакна. Гликемискиот индекс на 1 лажица путер од бадеми е скоро еднаков на 0.

Во 1 лажица има околу 9 g на масти, но многу малку од мастите се заситени односно само околу 0.5 g. Најголем процент од мастите се мононезаситени или околу 5 g и полинезаситени околу 2 g.

Како и сите други путери од јатки и путерот од бадеми е добар извор на протеини, односно содржи околу 3.3 g во една лажица.

Содржи и висока содржина на калиум, калциум и магнезиум, a исто така претставува добар извод на витамин Е кој е одличен антиоксиданс.

Здравствени придобивки на путерот од бадеми

Споредено со путерот од кикиритки, путерот од бадеми содржи многу помалку заситени масти и има одличен ефект во намалување на “лошиот холестерол” и зголемување на “добриот холестерол” што може да помогне во подобрување на целокупното кардиоваскуларно здравје.

Путерот од бадеми е одличен и за поддршка на здравјето на коските затоа што содржи калциум и магнезиум. Дополнително помага и за контрола на шеќерот во крвта затоа што содржи многу магнезиум. Магнезиумот е одговорен и важен за одвивање на многу биохемиски процеси, а еден од тие процеси е контролата на шеќерот во крвта и одржување на крвниот притисок. Исто така постојат многу студии кои потврдуваат дека магнезиумот може да ја зголеми инсулинската сензитивност кај луѓе кои се со ризик да развијат дијабетес.

Путерот од бадеми содржи многу антиоксиданси (витамин Е, полифеноли и флавоноиди) кои го штитат телото од оксидативен стрес кој е една од главите причини за појава на хронични болести и малигни заболувања и слично.

Иако путерот од бадеми е калориски густ сепак може многу да помогне во намалување на килограми, доколку правилно е искомбиниран во оброците.

Како да го консумирате

Самиот путер е доста густ и леплив и нема да можете да го јадете самостојно, но така не е ни препорачливо затоа што целта на путерот е да ја зголеми и збогати нуртивноста на оброците.

Еве неколку предлози како би можеле да го јадете путерот од бадеми:

  • намачјакте го на интегрално лепче и одозгора додадете малку мед или домашен џем
  • додадете 1 лажица во вашата овесна каша или смути
  • користете го како прелив за палачинки
  • искористете го за подготовка на здрави десерти
  • за ужинка можете да го јадете со урми или пак со свежо овошје
  • можете да го додадете и во омилената салата.

Како да го изберете вистинскиот путер од бадеми?

Секогаш кога купувате путери од јатки, прочитајте го составот. Доколку во путерот нема додавано ништо односно е направен само од јатки тогаш тој путер е вистинскиот.

Нашиот путер од бадеми е направен од 100% бадеми и не содржи ништо додадено.

По отворањето можете да го чувате на собна температура од 3 до 6 месеци.

Бидејќи не содржи никакви адитиви и стабилизатори може да се случи после одреден период најчесто после 2 или 3 месеци да дојде до одделување на масло на површината, но тоа е само знак дека путерот е 100% природен и без додатоци. Во таков случај само отворете размешјате со лажица и путерот е повторно спремен за консумација.

Путерот од бадеми ни е достапен во пакување од 200 g по цена од 320 денари.

Покрај 100% путер од бадеми имаме и 100% путер од лешници, 100% путер од кикиритки и путер од микс јатки кој е мешавина од кикиритки, бадеми и лешници. Сите путери се направени само од јатки и се 100% природни и без никакви додатоци.

Нарачка можете да си направите тука.

Имаме брза достава низ цела Македонија.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *