Овесна каша со какао и кајсии

Споделете со пријателите

Не знам која по ред рецепта за овесна каша е оваа, но знам дека ќе ви се допадне. Постојат мал милион варијанти како да ги подготвите овесните снегулки, но овесната каша е еден од најлесните начини.

Одличен појадок за секој ден. Појадок кој ќе ви даде енергија и здравје!

Еве ги потребните состојки за нашиот денешен предлог:

  • 4 лажици овесни снегулки
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1-2 лажички какао
  • малку цимет
  • 150 ml вода или млеко (може бадемово – рецепт)
  • 2 кајсии.

Начин на подготовка:

Во мало тенџере или ѓезве ставете ја водата или млекото заедно со овесните снегулки, мешајте интензивно дури не се загрее убаво. Кога ќе почне да се згуснува додаде го кокосовото масло, медот, какаото и наросете малку цимет. Мешајте интензивно на оган (на тивко) околу 5-10 минути дури убаво не згусне. Тргнете ја овесната каша од оган и ставете ја во соодветен сад. Одозгора ставете ги двете кајсии исечени на парчиња. По желба можете да додадете уште малку цимет.

Пријатен појадок! 😊

За оваа прекрасна идеја и слика и благодариме на Александра Ангеловска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *