Пилинг за тело кој го намалува целулитот и ја подмладува кожата

Споделете со пријателите

Негувана, сјајна и еластична кожа е сон на секоја жена. Како што годините минуваат структурата на кожата се менува, така што за да изгледаме негувано и младо треба постојано да се грижиме за кожата. Отстранување на мртвите клетки и соодветна хидратација се основните чекори кои гарантираат свеж, сјајен и млад изглед.

Наш предлог за негувана, сјајна, еластична и кожа без целулит е пилинг за тело од ориз, талог од кафе, црн бибер, мед и бадемово масло.

Потребни состојки:

  • талогот од ориз кој ви остана од подготовката на оризовото млеко (рецептот пронајдете го тука)
  • 1 лажица талог од кафе
  • 1 лажичка бадемово масло
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка црн бибер.

Начин на подготовка:

Во стаклена тегличка убаво измешајте ги и соединете ги сите состојки. Чувајте го пилингот на ладно и темно место.

Овој пилинг е одличен затоа што ќе ви помогне во отстранувањето на мртвите клетки од кожата, а воедно благодарение на црниот бибер и кафето ќе ја забрза и циркулацијата со што ќе се намали и целулитот. Бадемовото млеко и медот се многу хранливи и ќе и дадат еластичност и свежина на вашата кожа.

Практикувајте го овој пилиг два пати неделно.

Со нежни движења масирајте ја кожата пред туширање, а потоа темелно исплакнете и после туширањето намажете ја кожата со вашиот омилен лосион за тело.

Рецептот и сликите за овој пилинг ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *