Вкусни топчиња од пилешко месо. Одлични се за здрав лесен ручек во комбинација со свежа сезонска салата по ваш избор.
Потребни состојки:
- 250 g пилешко месо
- 1 белка
- 3-4 листа блитва
- 1 кромид
- 1-2 чешниња лук
- малку сол и црн бибер
- 1 лажица маслиново масло.
Начин на подготовка:
Ставете ги пилешкото месо и кромидот да се сварат убаво. Потоа исфрлете ја водата и ставете го месото и кромидот во блендер или сецко. Таму додадете ја блитвата, лукот, белката и зачините. Убаво измешајте ја и соединете ја смесата. На крај формирајте топчиња. Наредете ги топчињата во плех обложен со хартија за печење и попрскајте ги со маслиновото масло. Печете 30 минути на 200°С. Комбинирајте ги овие хроно ќофтиња со свежа салата.
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.