Навистина е многу едноставно да подготвите здрав, домашен сладолед. Од две или три состојки ќе имате здрав десерт кој многу ќе ги израдува вашите деца.
Потребни состојки:
- 2 банани
- ½ диња (ако е многу голема може и помалку)
- сок од еден лимон
- 2 лажици мед.
Начин на подготовка:
Бананите насечкајте ги на кругови, истото направете го и со дињата, насечкајте ја на ситни коцки и ставете ги во замрзнувач малку да се замрзнат. Потоа ставете ги замрзната банани и диња во блендер и додадете го лимоновиот сок и медот. Убаво измешајте и складирајте го сладоледот во соодветен сад. Оставете го замрзнувач многу кратко затоа што бананата и дињата се веќе замрзнати па нема да му биде потребно многу време убаво да се стегне. Дури можете и веднаш да го послужите.
За декорација и дополнителен чоколаден вкус, можете да подготвите домашно органскo чоколадо и да го прелиете сладоледот одозгора. Рецепт за чоколадото, пронајдете тука.
Добар апетит!
Можеби ќе ве интересира: 4 идеи за подготовка на здрав сладолед








