Споменавме дека мешунките се еден до најдобрите извори на железо, па затоа наш предлог за вкусен ручек е супа од мешунки. Оваа супа ќе ве држи сити, едноставна и лесна е за подготовка, а со неа ќе ги добиете сите потребни хранливи материи.
Како да ја приготвите:
Потребни намирници:
– половина чаша грав
– половина чаша леќа
– 1 главица црвен кромид
– 2 лажици маслиново масло
– 1 морков
– 3 чешниња лук
– 1 корен од целер
– 3 чаши супа (подготвена од бујон)
– 1 чаша варена пченка
– мала лажичка мајчина душичка
Начин на подготовка:
Мешунките оставете ги да преноќат во вода. Измијте ги, исцедете и ставете ги во тенџере со вода и малку масло да се варат. Гответе на тивок оган околу 45 минути.
Загрејте малку масло на оган и додадете го исецканиот кромид, малку сол и гответе околу 10 минути. Потоа додадете ја морковот, лукот, целерот, повремено мешајќи, околу 10 минути.
Исцедете ги мешунките, а потоа направете ја супата од бујон. Во супата додадете ги мешунките, кромидот, морковот, лукот, а потоа пченката и мајчината душичка.
Гответе уште 10 минути, а потоа уживајте во супата со мешунки.








