Детоксикациски напиток со оцет и цимет за подобар сон

Споделете со пријателите

Овој напиток ќе ви ги неутрализира наталожените токсини во телото, ќе ви помогне доколку имате проблеми со спиењето, но ќе ви помогне и со проблемите поврзани со високиот крвен притисок.

Јаболковиот оцет содржи околу 90 различни хранливи состојки, вклучувајќи: калиум, магнезиум, железо, бакар, натриум, витамин А, Е и Б, органски киселини, пробиотици и пектини. Со толку богат хранлив состав, воопшто не е чудно што јаболковиот оцет има толку многу здравствени придобивки. Тој делува антивирусно, антибактериски, антигабично, но исто така помага и во елиминирање на штетните токсини од телото.

Што ви е потребно за овој детоксикациски напиток?

Начин на подготовка:

Исцедете го лимонот и во него додадете го магдоносот исцецкан на многу ситно (можете да го ставите и во блендер), потоа додадете го ѓумбирот, јаболковиот оцет, циметот и на крај водата. Убаво размешајте и оставете да стои 2 часа. Потоа процедете и пијте по 100-150 ml пред спиење. Освен пред спиење, од овој напиток можете да пиете и на гладно и тоа пред ручек или вечера.

Оваа комбинација од намирници е одлична за дијабетичари бидејќи циметот во комбинација со оцет има многу голема моќ во намалување на нивото на шеќер во крвта.

Повеќе за лековите својства на циметот прочитајте тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *