Home Исхрана Здрава проја со спанаќ и сирење

Здрава проја со спанаќ и сирење

15
0

Пројата е совршена за појадок за целото семејство и тоа особено во викендите. Мирисот кој се шири дури се пече ќе ви ги разбуди сите сетила…едноставно е прекрасно. Се подготвува многу брзо, здрава е, а и ако ви остане можете остатокот да го чувате во фрижидер за следните неколку дена.

Можете слободно да си спакувате и за на работа и да имате здрав појадок на работното место.

Еве што е потребно:

  • 3 јајца
  • 200 g пченкарно брашно
  • 200 g интегрално пченично брашно (ова можете да го замените и со некое безглутенско брашно)
  • 250 ml јогурт
  • 150 ml маслиново масло
  • 250 g спанаќ (малку обарен и ситно исечкан)
  • 200 g сирење со помала масленост (козјо или кравјо)
  • 2 моркови со средна големина (изрендани)
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка куркума
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици ленено семе
  • 2 лажици сончоглед.

Начин на подготовка:

  1. Првин во подлабок сад измешајте ги двата типа на брашно, потоа додадете го прашокот за печиво, солта, куркумата, сусамот, ленот и сончогледот. Убаво измешајте со голема лажица.
  2. Во друг сад изматете ги убаво јајцата. Во нив додадете го јогуртот и маслиновото масло. Потоа кога се убаво ќе се соедини во смесата со јајцата додадете го насечканиот и обарен спанаќ, изренданото сирење и моркови и соединете ја смесата.
  3. На крај соединете ги двете смеси убаво (смесата со брашно + смесата со јајца). Ако е многу густа додадете малку јогурт, а ако е многу ретка додадете малку пченкарно брашно.
  4. Загрејте ја рерната на 200°С и ставете ја пројата да се пече во плех обложен со мрсна хартија за печење. Печете 20-25 минути дури убаво не зарумени одозгора.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here