Home Рецепти Здрави десерти Здрави чоколадни бисквити

Здрави чоколадни бисквити

4
0

Ова се најкрцкавите и најубавите бисквити направени во нашата кујна. Превкусни се, а не содржат брашно, масло или пак јајца. Одлични се за со шолја црно кафе или пак со топол чај.

Пробајте ги задолжително, нема да зажалите!

Потребни состојки:

  • 3 лажици мелено ленено семе
  • 3 лажици мелено чиа семе
  • 3 лажици сусам
  • 3 лажици мелени бадеми
  • 6 лажици овесни снегулки
  • 1 лажица какао
  • ½ лажичка цимет
  • 100 g црно чоколадо (со 75% какао)
  • 1 лажица кокосово масло
  • 150 ml свежо исцеден сок од портокал (исцедете два потокали и дополнете до 150 ml со вода).

Начин на подготовка:

Потребно е сите состојки да бидат во мелена варијанта, така што ќе се добие убава и хомогена структура. Ако ги имате семињата мелени, тоа е супер, а ако не ставете ги во блендер/процесор за храна и убаво иситнете.

Првин ставете ги лененото семе, сусамот и чиа семето и убаво измелете. Потоа ставете ги овесните снегулки заедно со бадемите и продолжете со мелење. На крај соединете ги двете смеси и додадете го какаото и циметот.

На оган ставете вода да врие, па на пареа истопете го чоколадото и во него додадете 1 супена лажица кокосово масло.

Кога чоколадото ќе се стопи истурете го во смесата од семиња заедно со сокот од портокал и убаво мешајте. Кога ќе добиете хомогена смеса, оставете да стои 10 минути во фрижидер. Тоа е доволно време лененото семе и чиа семето да ја впијат влагата и да ја поврзат смесата.

Потоа во голем правоаголен плех ставете мрсна хартија за печење и истурете ја смесата. Врз смесата ставете повторно мрсна хартија и со сукало развлечете ја смесата убаво, дури максимално не се истенчи. Колку е потенка толку бисквитите ќе бидат покрцкави. На крај тргнете го горниот слој мрсна хартија и ставете ги бисквитите во загреана рерна на 100°С да се сушат половна час. После половина час извадете ги и со нож насечкајте форми по сопствена желба (квадратчиња, правоаголници, триаголници и сл.) па вратете и продолжете со сушење/печење на 100°С уште еден и пол час.

На крај извадете ги и оставете ги да се оладат, па складирајте ги во тегла или во специјален сад за храна.

Добар апетит!!!

Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here