Здрав мајонез од сирење и лук

Споделете со пријателите

Овој здрав намаз од лук е наменет за љубителите на ароматичниот вкус на лукот.

Мајонезот од лук е вистински специјалитет, одлично одговара со секое јадење, а предноста на вака подготвениот лук е во тоа што во секое време ќе ви биде на дофат, без постојано да чистите, сечкате или толчите лук.

Поради лукот кој е моќен антисептик овој намаз може да стои подолго време во фрижидер. Можете да го чувате во фрижидер дури до 10 дена.

Потребни состојки:

  • 300 g козјо сирење или пак некое друго ниско маслено сирење по ваша желба
  • 5-6 чешниња лук
  • 50 g ореви (киснати во вода барем 2 часа)
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • магдонос
  • зачини по желба (бибер, босилек и сл.).

Начин на подготовка:

Фрлете ја водата во која се киснеа оревите и ставете ги во блендер/сецко, додадете ги сите други состојки во блендерот или сецкото и мешајте 1-2 минути дури не добиете убава кремаста структура. Складирајте го овој здрав намаз од сирење и лук во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер. Одлично се комбинира со интегрално лепче и интегрални солени крекери.

Одличен е за во зима кога настинките и вирусите се во подем затоа што содржи лук кој е моќен антибактериски и антивирусен агенс.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *