Идеален нискокалоричен десерт богат со здрави масти. Сировото какао ви дава енергија и е богато со антиоксиданси, а маката во прав помага во стабилизирање на хормоните.
Повеќе за тоа што претставува маката можете да прочитате тука.
Состојки за 4 порции:
- 3 зрели авокада
- 5 полни супени лажици сирово какао
- 3 супени лажици мед (одземете или додадете по желба)
- неколку лажици млеко од бадеми (може да се прескокне)
- 1 мала лажица мака во прав (може да се прескокне)
- малку морска или хималајска сол
- малку бурбон ванила во прав
- сецкани лешници за декорација.
Подготовка:
Со рачен миксер или блендер згмечете ги авокадата. Додадете ги останатите состојки освен сецканите лешници, и продолжете да мешате додека смесата не се соедини.
Декорирајте со лешници. Пријатно јадење! 🙂
Рецептот е на:
Нена Стојова – основачот на Bare Origin. По успешната кариера во IT индустријата во Шведска, Нена одлучи да ги претвори своето хоби и љубовта кој природата и здравиот живот во своја професија. Нејзината цел е, секој што ќе дојде во контакт со производите Bare Origin, не само да го искуси нивниот неверојатен ефект, туку и да знае точно од каде потекнува она што го користи. Секоја состојка има своја приказна, и токму тоа сака да го сподели со сите љубители на богатствата од природата.
Bare Origin е линија на производи за нега на кожа, која се состои од 100% природни, моќни состојки, кои се произведени транспарентно и доаѓаат директно од производителите до консументите. Bare Origin не користи хемикалии и работи проактивно за заштита на природните ресурси.
Доколку сте заинтересирани за овие природни производи, повеќе детали пронајдете на:








