Здрав чоколаден пудинг со авокадо

Споделете со пријателите

Идеален ниско калоричен десерт богат со здрави масти. Сировото какао ви дава енергија и е богато со антиоксиданси, а маката во прав помага во стабилизирање на хормоните.

Повеќе за тоа што претставува маката можете да прочитате тука.

Состојки за 4 порции:

  • 3 зрели авокада
  • 5 полни супени лажици сирово какао
  • 3 супени лажици мед (одземете или додадете по желба)
  • неколку лажици млеко од бадеми (може да се прескокне)
  • 1 мала лажица мака во прав (може да се прескокне)
  • малку морска или хималајска сол
  • малку бурбон ванила во прав
  • сецкани лешници за декорација.

Подготовка:

Со рачен миксер или блендер згмечете ги авокадата. Додадете ги останатите состојки освен сецканите лешници и продолжете да миксате додека смесата не се соедини.

Декорирајте со лешници.

Пријатно јадење!

Рецепт by:

Нена Стојова основачот на Bare Origin. По успешната кариера во IT индустријата во Шведска, Нена одлучи да ги претвори своето хоби и љубовта кој природата и здравиот живот во своја професија. Нејзината цел е, секој што ќе дојде во контакт со производите Bare Origin, не само да го искуси нивниот неверојатен ефект, туку и да знае точно од каде потекнува она што го користи. Секоја состојка има своја приказна и токму тоа сака да го сподели со сите љубители на богатствата од природата.

Bare Origin е линија на производи за нега на кожа, која се состои од 100% природни, моќни состојки, кои се произведени транспарентно и доаѓаат директно од производителите до консументите. Bare Origin не користи хемикалии и работи проактивно за заштита на природните ресурси.

Доколку сте заинтересирани за овие природни производи, истите можете да ги најдете во концептуалната продавница на Public room , а доколку сакате да слушнете нешто повеќе околу оваа козметика повелете на 4-ти и 5-ти март на базар во Public room. Повеќе детали за настанот пронајдете тука.

Bare Origin webstore

Bare Origin Instagram    

Bare Origin Facebook

Bare Origin Pinterest

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *