Интегрални палачинки со чоко крем

Споделете со пријателите

Вкусена и здрава ужина или пак појадок. Овие палачинки се совршени, а се подготвуваат прилично едноставно, слично на стандардниот начин на подготовка само што состојките се малку изменети. Количината на намирици кои се излистани подолу одговара за 10 палачинки.

Една палачинка содржи 194.2 калории, 25.32 g јаглехидрати, 8.39 g масти и 5.21 g протеини. 

Потребни состојки (за 10 палачинки):

  • 250 g интегрално пченично брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 200 ml минерална вода
  • 120 ml млеко
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици кокосов шеќер или мед

Начин на подготовка:

Се мешаат сите состојки заедно и палачинките се пржат на стандарден начин.

Филот е домашна нутела од лешници. Рецептот за нутелата ќе го понајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *