Здрава и негувана кожа е сон на секоја жена. Негата на лицето подразбира секојдевно миење, упортреба на креми со заштитен фактор, чистење со соодветни лосиони за остранување шминка и користење креми за хидратација. Иако една од најомилените работи на жените им се скапите козметички препарати, билната и кујнската козметика не се за потценување. Напротив, билките, житарките, овошјето, зеленчукот, маслиновото масло и киселото млеко даваат извонредни ефекти врз кожата. Во согласност со најновите трендови и се поголемото свртување кон природната и органската козметика ви предлагаме домашен рецепт за маска за лице која има за цел да го нахрани лицето, да го изедначи тенот и да ја намали појавата пигменти и флеки по лицето.
Што ви е потребно за подготовка на кинеската маска за лице?
- 1 мала лажичка мед
- 1 мала лажичка густин (оној кој се користи за подготовка на торти и колачи)
- 1 мала лажичка хималајска сол
Како да ја подготвите?
Медот и густинот добро ги мешате, потоа ја додавате морската сол и повторно убаво промешувате дури не се добие хомогена смеса.
Маската е спремна.
Ја нанесувате на чисто лице. Не заборавајте дека основата на секој домашен козметички третман е инхалација, односно парење на лицето. На тој начин ги прочистувате и отварате порите и овозможува состојките од маската да продрат подлабоко во кожата и да го дадат максимално посакуваниот ефект. Нанесете ја маската на лицето во неколку слоеви, држете ја 20-25 минути, потоа исплакнете го лицето со топла вода. Ова маска може да ја користите 3-4 пати неделно за да ги почувствувате маскимални резултати.
Бонус информација!
Еднаш неделно чистете го лицето со раствор од Витамин Ц (ампула која можете да ја купите во било која аптека). На памукче нанесете од растворот и поминете го лицето, на тој начин дополнително ќе ја нахраните кожата. Лицето ќе ви возврати со еластичност, мекост и сјај.








