Природна козметика – маска за лице од мед и чија семе

Споделете со пријателите
Подмладете, освежете и нахранете ја вашата кожа со помош на природни состојки – мед и чија семе.

Освен што овие намирници му помагаат на вашето тело одвнатре, подеднакво се делотворни и за надворешна употреба.

Медот и чија семето ќе ви помогнат да ја исчистите и хидрирате кожата, а дополнително ќе ја нахранат и ќе ја освежат. Оваа комбинација на намирници ќе го ублажи црвенилото на вашата кожа и ќе ви помогне доколку имате проблеми со акни. Медот и чија семето се делотворни и кај псоријаза и оштетена кожа.

За подготовка на оваа маска за лице потребни ќе ви бидат само 10-тина минути.

Сосотојки:

  • 2 мали лажички мед
  • 100 ml млака вода
  • 1 мала лажичка чија семе

Подготовка:

Измешајте го медот со водата, потоа додајте го чија семето и продолжете со мешање. Оставете ја смесата 5 минути така што чија семетo ќе впие вода и ќе набабри. После 5 минути повторно промешајте и нанесете ја маската на исчистено лице. Најдобро е пред да ја нанесете маската, да му направите пилинг на лицето со помош на маслиново масло и малку шеќер. Оставете ја маската да делува 5 минути, а потоа исплакнете го лицето  темелно со млака вода и нанесете хидратантен крем.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Комбинацијата на мед, вода и чија семе е богата со омега-3 масни киселини, витамини и минерали кои на вашата кожа ќе и дадат природена нега, сјај и еластичност.

Секогаш имајте на ум дека природната козметика е најдобра за нега на кожата и косата, па затоа еве ви некои наши предлози:

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *