Home Исхрана Слабеење Причини зошто не можете да ослабнете

Причини зошто не можете да ослабнете

4
0

Вежбате напорно, внимавате што јадете, а вагата ги покажува истите килограми? Губењето килограми не е едноставно, а истото станува потешко доколку не знаете што правите погрешно во обидот да ја намалите килажата. Прочитајте кои фактори може да предизвикаат тешкотии во слабеењето.

healthy-fast-food-choice

Не вежбате во интервали

Долгите паузи помеѓу сетот вежби или статичното вежбање не му прави услуга на вашето тело кога се обидувате да ослабнете. Наместо тоа, вежбајте во интервали- периоди на интензивен тренинг (најголем број на повторувања или најголем напор), со кратки периоди на одмор помеѓу нив со цел да го зголемите потенцијалот на телото да согорува масти. Триесет минутно вежбање со висок интензитет е подобро од едночасовно статично вежбање. Така ќе согорите повеќе калории, ќе излезете од рутината и ќе го забрзате метаболизмот.

Пиете спортски напитоци

Навидум здравите спортски напитоци често пати може да содржат и до 34 грама шеќер.  Запрашајте се дали овие напитоци навистина ви се потребни во текот на вежбањето. Имајте на ум дека се работи за празни калории кои може да бидат контрапродуктивни во обидот да ја ограничите количината на калории кои ги внесувате во текот на денот. За тренинзи кои траат повеќе од еден час, користете спортски напитоци внимателно, а за тренинзи под 60 минути, пијте само вода.

Пречесто јадете протеински барови

Иако изгледаат како совршен избор за активните луѓе, протеинските барови може да содржат и до 500 калории и 18 грама масти, што е навистина преобилна закуска по вежбањето. Наместо протеински бар посегнете по јајца, пилешко месо во комбинација со јаглехидрати од цели зрна.

Нездрави грицки по вечерата

Она што го козумирате навечер навистина може да направи разлика. За многумина ова е периодот од денот кога имаме најмногу потреба од крекери, чипс, солени грицки, колачиња. Препораката е да ги замените овие калорични грицки со бадеми, моркови, целер, хуму или путер од кикирики секогаш кога навечер ќе имате потреба од некоја грицка.

Не спиете доволно

Добриот сон е важен фактор за добро здравје, а особено за намалување на килограмите. Студиите покажуваат дека недостатокот на сон предизвикува контролирано јадење во текот на денот и послаби тренинзи што го прави голем фактор во процесот на слабеење. Ако не спиете доволно ќе се чувствувате уморни што ќе предизвика постојано да имате потреба од храна и ќе имате помалку сила за вежбање, односно нема да согорите доволно калории. Затоа потрудете се да имате 7-8 часовен сон секоја вечер.

Не јадете доволно често

Прескокнувањето на оброци и меѓуоброци изгледа како сигурен начин за намалување на килограми, но речиси секогаш завршува контрапродуктивно. Тоа ја зголемува веројатноста од неконтролирано внесување на храна во подоцнежните оброци и го забавува метаболизмот. Затоа придржувајте се до препораките да имате три главни оброци и два меѓуоброка во текот на денот. Секако, доколку вежбате важно е да не го прескокнувате оброкот по тренингот.

Не планирате однапред

Кога станува збор за јадење и вежбање, не оставајте ги нештата на случајност. Добар план кој ќе може да го следите кога останатите делови од вашиот живот стануваат хаотични и без распоред- обврски на работа, обврски дома е клучен во борбата против вишокот килограми. Кога ги планирате оброците за цела недела, а заедно со тоа и термините за вежбање, поедноставно ќе ги извршувате сите обврски и нема да потпаѓате под искушенија или во ситуации каде немате што хранливо да јадете.

Постојано сте под стрес

Јадењето поврзано со стресот го саботира вашиот обид да ослабете. Затоа најдете поинаков начин да се ослободите од секојдневниот стрес. Обидете се со јога, медитација, правилно дишење и вежбање. Ако постојано се наоѓате под стрес , тогаш вежбањето мора да стане ваша рутина која ќе ви помогне да го прочистите умот. Ова особено е важно со цел  да го избегнете неконтролираниот апетит кој знае да нѐ погоди кога сме под стрес.

Не се хидритирате доволно

Фокусирајте се на пиењето многу вода во текот на денот. Не само што го хидратирате телото, но и го забрзувате метаболизмот и го намалувате чувството на глад. Кога ќе се почувствувате гладни, напијте се една чаша вода со цел да ја намалите гладта. Ако сѐ уште сте гладни, посегнете по здрави грицки.

Јадете додека правите нешто друго

Најдобро е да јадете на маса, каде фокусот ќе ви биде оброкот. Кога јадете додека работите, додека гледате филм или пред телевизорот или комјутерот, тогаш не сте свесни за количината на храна која ја внесувате бидејќи вашето внимание е на друго место. Кога сте фокусирани на храната, поверојатно е дека ќе престанете да јадете кога ќе бидете сити.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here