Предлог 3 дневно мени за вкусни, здрави и балансирани оброци

Споделете со пријателите

На сликовит начин ви давам предлози за 3 дена балансирани и здрави оброци.

Сите рецепти кои ги има на сликите се веќе споделени тука на сајтот и на Инстаграм.

Здравата храна и готвењето здрави и балансирнаи оброци за мене се уживање и љубов.

Сите оброци на сликите се излезени од мојата кујна. Иако навидум можеби ви изгледа дека ваквата исхрана бара многу време, финансии и енергија од вас, верувајте ми дека бара само добра организација и желба за промена.

Ден 1

Појадок: 2 парчиња пита со спанаќ и цели житарки + 1 чаша кефир или јогурт

Ужина: овошје по избор (1/2 јаболко и ½ праска)

Ручек: Печен зеленчук со прелив од јогурт – комбинирајте го плус со свежа салата по избор

Вечера: Чорба од лосос

Ден 2

Појадок: Варена овесна каша со јатки и бобинки

Ужина: 30 g црно чоколадо

Ручек: Свинско со зеленчук

Вечера: Салата со киноа, маслинки и домат

Ден 3

Појадок: Тостирана интегрална тортиља со хумус и моцарела + краставица и семки од тиква

Ужина: 30 g непечени и несолени бадеми

Ручек: Сарма со киноа, интегрален ориз и мелено месо

Вечера: Динстан зеленчук со салата и семки

Временскиот распоред а оброците е согласно мојот дневен распоред, секој од вас би требало тоа да го организира според своите дневни активности. Јас уживам кога вежбам на гладно и потоа во 11.00 а.м го имам правиот оброк. Секогаш дозволувам помеѓу оброците да имам доволно време да може целосно да се дигестира храната.

Во денот пијам две кафиња без било какви додатоци и задолжително многу вода.

Живејте го животот со позитивна енергија и најдете го балансот кој ќе ве одржува во рамнотежа 😊

Уживајте во секој оброк со сите сетила 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *