Направете сами: Сапун кој ја смирува и негува кожата

Споделете со пријателите

Подарете и го на кожата тоа што го заслужува. Природната козметика е богата со хранливи состојки кои ја хранат и негуваат кожата.

Овој ароматичен сапун со билки е одличен доколку имате сува  и иритирана кожа на рацете.

Потребни состојки:

  • 2 неутрални глицерински сапуни
  • 2 лажици кокосово масло
  • 100 ml сварен чај по ваша желба
  • исцеден сок од половна лимон
  • 1 лажица масло од арган (by Bare Origin)
  • 1 лажица овесни снегулки
  • 1 лажица сушен рузмарин
  • 1 лажица курума

Начин на подготовка:

Најпрвин подгответе си ги сите потребни состојки. Потоа со ренде убаво изрендајте ги сапуните. Ставете го изренданиот сапун во сад на загреана рингла и додадете го чајот, сокот од лимон и кокосовото масло. Мешајте интензивно дури не добиете кремаста смеса. Потоа тргнете го од оган и додадете ги овесните снегулки и аргановото масло како на сликата подолу.

Потоа во посебни садови смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете ја куркумата, а во другиот рузмаринот. Убаво измешајте.

На крај ставете ги сапунчињата во соодветни калапи. Можете да користите и калапи за колачиња или едноставно со раце формирате форми.

Ставете ги во фрижидер околу 30 минути да се стегнат.

Користете го овој сапун за секојдневно миење на рацете. Ќе ви помогне доколку имате проблеми со сува и иритирана кожа.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *