Утринско освежување: Сок од портокал, морков и ѓумбир

Споделете со пријателите

Најздравиот начин да го ревитализирате вашето тело со витаминска бомба е преку природен домашно исцеден сок. Свежите сокови од овошје го чистат организмот од  токсини, а соковите од зеленчук го регенерираат.

Сокот од морков содржи бета-каротен, фолна киселина, витамини Ц, Б и Е, калиум, фосфор, магнезиум и калциум и затоа морковот е идеален помошник за зачувување на убавината на кожата, ноктите и косата. Богат е и со витамин А, кој го стимулира растот на клетките и нивната делба, ја нормализира размената на материите и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и го подобрува видот.

Препорака: Бидејќи во сокот од морков содржи доста шеќер најдобро е да се разредува со вода.

Портокалите се богати со витамин Ц, Б и А, калиум, калциум и влакна. Неодамнешните истражувања покажаа дека ова овошје е богато со супстанци кои делуваат антиканцерогено и помагаат во борбата со високиот крвен притисок.

Повеќе за здравствените придобивки од ѓумбирот прочитајте тука.

Потребни состојки за подготовка на освежувачки портокалов сок:

  • 2 портокали
  • 2 моркови со средна големина
  • 1-2 cm свеж ѓумбир
  • вода (по ваша желба).

Начин на подготовка:

Излупете ги портокалите и заедно со морковите и ѓумбирот ставете ги во соковник. Во зависност од тоа колку е сочен портокалот ќе добите различна количина на течност. Разредете го овој концентрат со вода, најдобро е во однос 1:1. Како што напоменавме и морковот и портокалот содржат шеќер, па затоа подобро е сокот да се разреди со вода. Оваа колични на сок е доволна за подготовка на 2 чаши.

Пијте го овој ревитализирачки напиток секое утро на гладно. Ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви помогне да го подобрите целокупното здравје.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *