Солени бургери од сирење

Споделете со пријателите

Едноставен брз предлог за ручек кога навистина немате идеа што да подготвите. Овие вкусни бургери се подготвуваат многу брзо и одлично се комбинираат со салата.

Потребни состојки:

  • 300 g сирење (изберете козјо или кравјо кои се помалку маслени)
  • 3 лажици интегрално брашно
  • 1 лажица рендан пармезан
  • 2 јајца
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол, црн бибер и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Најпрвин изрендајте го или со виљушка изгмечете го сирењето. Во друг сад изматете ги јајцата и потоа соединете ги сите други состојки заедно. Потребно е да добиете убава густа смеса. Доколку е многу течна можете да додадете уште малку брашно. Не пробувајте да направите форми, едноставно со лажица ставете по малку од смесата да се пржи во загреано тавче премачкано со маслиново масло. Формите на бургери ќе се формираат сами, иако можеби нема да бидат целосно правилни. Пржете кратко, колку да заруменат.

Комбинирајте ги овие бургери со свежа салата од сезонски зеленчук.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *