За ладните зимски денови: Чоколадно топло црвено вино

Споделете со пријателите

Грееното вино (познато кај нас и како варено вино) е одличен пијалак за да се загреете и расположите во студените зимски денови. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, па тешко можете да му одолеете. Во комбинација со чоколадо се добива уште попримамлив напиток кој ќе ви ја стопли душата и ќе ви го подигне расположението.

Исто така не треба да заборавиме дека и црвеното вино и темното чоколадно се исклучително богати со антиоксиданси. Црвеното вино е богато со флавониоиди кои имаат моќни антиоксидантни својства, па го чуваат здравјето на сите клетки во телото.

Темното чоколадно покрај антиоксидансите е богато и со железо и магнезиум, но повеќе за тоа прочитајте тука.

Еве ги потребните состојки за подготовка на 2 чаши чоколадно топло црвено вино:

  • 350 ml црвено вино
  • 6 коцки темно чоколадо или околу 30 g
  • сок од 1 портокал
  • малку цимет
  • 3-4 каранфилчиња

Начин на подготовка:

Првин во мало тенџере на тивок оган ставете ги коцките чоколадо и мешајте енергично дури чоколадото не се стопи целосно. Потоа налејте го виното, па додадете го циметот и каранфилчињата. Промешајте и грејте го виното дури не почне да се прави пена. Доколку го греете повеќе од потребно, ќе испари поголема количина од алкохолот. Кога ќе го тргнете од оган додадете го сокот од портокал и измешајте.

Ставете го виното во чаши и декорирајте го со парчиња портокал.

За крај…уживајте во ладните зимски денови во присуство на најблиските!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *