Сите сме свесни дека вежбањето е неопходно за да го одржиме и менталното, но и физичкото здравје.
Но, дали знаете дека утринскиот тренинг има многу повеќе придобивки отколку попладневниот?
И да, сигурно помислувате, па што вежбање е вежбање, дали е 09.00 часот наутро или 19.00 часот навечер исто е и 400 калории се сепак 400 калории, но во пракса не е така!? Утринскиот тренинг има многу повеќе ефекти врз телото и многу поефикасно го забрзува метаболизмот и помага во најлесно и најбрзо согорување на мастите, особено ако го правиме на гладно срце.

За да ве мотивираме да се навлечете на утринско вежбање издвојуваме 15 најзначајни придобивки од утринскиот тренинг:
- Ќе се чувствувате мотивирано во текот на целиот ден.
- Одличен начин да го разбудите телото, после добар утрински тренинг ќе ви биде потребно многу помалку кафе за да го зграпчите денот.
- Ќе внесете помалку калории во текот на денот.
- Најефикасно ќе го забрзате метаболизмот и ќе трошите многу повеќе калории во текот на целиот ден.
- Ќе имате многу добра контрола врз апетитот.
- Ќе бидете поактивни во текот на целиот ден.
- Ќе ви помогне во намалување или целосно елиминирање на стресот.
- Ќе ви помогне да го намалите или да го нормализирате крвниот притисок.
- Ќе согорите многу повеќе калории.
- Многу поефикасно ќе ги обликувате мускулите.
- Многу полесно и поефикасно ќе ги согорите вишокот масти во телото, доколку вежбате на гладно.
- Ќе имате подобар сон навечер.
- Ќе го намалите ризикот од појава на дијабетес.
- Ќе бидете многу попродуктивни и на работното место, но и во домот.
- Поверојатно е дека вежбањето ќе ви стане навика.
Доколку сакате да започнете со утрински тренинзи ние сме тука да ви помогнеме. Лоцирани сме во К.Вода (стара рампа).
Од 2-ри март формираме нова утринска група во вторник и четврток во 09.00 часот.
Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.









