21 Јуни „Интернационален ден на јогата“

Споделете со пријателите

Неколку причини зошто треба да и дадете шанса на Јогата:

Повеќето од луѓето доаѓаат на Јога поради некакви болки или повреди посебно во делот на грбот, колената и зглобовите. Јогата користи контролирани движења, прецизни порамнувања, биомеханика и секако дишењето преку кои ефикасно се прочистуваат и отстрануваат блокадите настанати во вашето тело истовремено со минимизирани можности за повреда. Безбедноста е апсолутниот приоритет во Јогата па секогаш се препорачува да не се оди подалеку од она што сте во состојба да го направите безбедно во моментот. Јасните физички инструкции и концентрацијата на дишењето, не спречуваат да ја преминеме сопствената граница и да се повредиме. Во Јогата секогаш постојат варијации и модификации на положбите кои ќе бидат безбедни а во исто време ќе претставуваат и предизвик за нас, како би можеле да напредуваме. Веќе во првиот месец на редовно практицирање Јога, ќе се намали болката, ќе се зголеми здравјето и квалитетот на едно повисоко ниво.

Јогата прави вашето тело да биде фит, флексибилно и силно.

Многу од нас имаат погрешна претстава па велат дека не се доволно флексибилни за да практикуваат Јога. Тоа е многу погрешно и би можело да се спореди како кога би кажале дека не сме доволно силни за да дигаме тегови… Јогата ќе ве направи пофлексибилни, полесни и на многу начини посилни од било кога друга физичка активност и тоа без нарушување на сопственото здравје. Со трпение и редовна пракса, ќе бидете пофлексибилни од тоа што некогаш сте го помислувале. Правилната комбинација на сила и подвижност е клучна, било да сте професионален спортист или пак сакате да стареете достоинствено. Вие ќе ги тонирате и зајакнете мускулите за кои не сте ни знаеле дека ги имате. Малите мускули на грбот кои атрофирале од канцелариско седење ќе го добијат заслуженото „будење“. Доколку станете посветени и редовни во практикувањето на Јога, ќе станете витка, силна и физички фит особа.

Јогата ќе ве предизвика на еден сосема посебен начин

Вежбајќи Јога, ќе научите како да се предизвикате себе си без да го имате тоа чувство на натпреварување. Јогата ќе ве научи да се предизвикате себеси интелигентно и без потреба од агресивност. Учењето на нови положби и набљудувањето на вистинскиот напредок во тоа е заразно. Некои часови по Јога можат да бидат со поголем предизвик од било која друга физичка активност а вие ќе уживате во тоа!

Јогата ќе помогне во поправање на режимот на исхрана, сонот и целокупното здравје

Кога ќе почнете да ги чувствувате физичките бенефити од вежбањето Јога, вие природно почнувате да ги менувате своите навики во исхраната и спиењето. Веќе нема да сакате да изедете пола литро сладолед или пак да останете будни до раните утрински часови затоа што ќе бидете свесни за последиците од тоа по вашето здравје. Во текот на часовите по Јога ќе забележите дека вашиот ум е фокусиран точно на тоа што го правите и дека не е можно да мислите на вашата работа или други активности. После Јога часовите ќе се чувствувате заземјено, опуштено а комбинацијата во која и телото и умот се во такви чувства е одлична основа за создавање на една вистинска и здрава промена на начинот на живеење.

Јогата ќе ви овозможи работите кои ги сакате да ги правите подолго и поефикасно

Целта на Јогата е да живееме со полн капацитет. Било која активност да сакаме да ја правиме, трчање, пливање, скијање, голф, кошарка и слично, Јогата ќе ни помогне да ја правиме подобро и подолго. Вежбањето на положбите не се поента самите по себе, туку убавото чувство што ни го даваат, а со тоа ја добиваме можноста да уживаме во животот.

Јогата ве прави поефикасни и го ублажува стресот

На работното место, теретана, во продавница, во семејните собири и во многу други ситуации се соочувате со многу предизвици. Јогата го вежба вашиот ум да биде прибран и мирен, поготово во стресни ситуации. Зошто било кој би сакал да заземе некоја Јога положба, да ја задржи и уште да биде потсетуван да биде мирен и да дише длабоко? Затоа што во секојдневието наречено живот, се среќаваме со многу повеќе предизвици отколку на простирката. Меѓутоа, вежбајќи да останеме заземјени и прибрани во било која не комфорна ситуација на Јога часовите,  ние вежбаме да бидеме најдобри во било која животна ситуација.

Јогата е фонтана на младоста

Покрај сите физички, ментални и здравствени користи, Јогата ќе направи да се почувствувате подобро и помладо од тоа што не сте можеле ни да замислите! Ова се случува само ако бидете редовни во практицирањето. Јогата ја практикуваат и млади и стари кои сакаат да работат на себе и да го живеат животот поинтензивно. Кога ќе се опкружите себе со такви луѓе автоматски станувате помлади и поотворени да пробате нови работи.

Не размислувајте многу, почнете со Јога! Ве очекуваме!

Текстот е напишан од:

Марина Пешиќ – дипломиран тренер по јога на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје и лиценциран инструктор 200-hr Hatha Yoga and Vinyasa, според стандардите на Јога Алијанса.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *