Бисквит колач со јагоди и грчки јогурт

Споделете со пријателите

Дефинитивно ова не мора ова да е сезонски колач и да се прави само кога има јагоди, супер би бил и со праски или со јаболка дефинитивно.

Вкусот и структурата се перфектни, грчкиот јогурт и јагодите даваат некоја совршена сочност, а кората е сипкавa, но во исто време и сочна.

Значи мора да пробате!

Потребни состојки (јас добив 16 парчиња, а правев во помало коцкасто плехче со димензии 20 cm x 20 cm):

за кората:

  • 100 g мелени овесни снегулки
  • 100 g брашно од спелта
  • 50 g кокосов шеќер
  • 1 лажичка пециво
  • малку ванила
  • 3 лажици од нашиот путер микс јатки од @fit.delights.fitlife (може и било каков путер од јатки)
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1 јајце.

фил:

  • 180 g или цел грчки јогурт
  • 30 g кокосов шеќер
  • 150 g ситно сечкани јагоди

Подготовка:

Сите состојки за кората ги мешате заедно во сад, ќе добиете густа смеса кој е сипкава и ако силно ја потиснете се групира, но треба да се сипе. 70% од смесата ќе ја натапкате во плехче (добро е да ставите хартија да се извади полесно). Оставете 30% за да ставите врз филот на крај.

Филот подгответе го така што само ќе го измешате грчкиот јогурт со кокосовиот шеќер.

Истурете ја оваа смеса врз кората, ставете ги јагодите и одозгора растурете ја смесата што ви остана од кората.

Ставете го колачот да се пече на температура од 150-160С околу 30-40 минути. Се пече на ниска температура затоа што е потребно да се суши за да биде сипкав.

Значи многу, многу вкусно!!!

Следен пат ќе правам со дупла доза 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *