Банана лепче

Споделете со пријателите

Имам неколку рецепти за банана лепче ама мислам дека оваа е вистинската дефинитивно 😊 Конечно научив да го печам перфектно 🙂

Состојки:

  • 100 g интегрално брашно од спелт
  • 120 g интегрално пченично брашно
  • 1 мала лажичка цимет
  • 1 мала лажичка прашок за пециво
  • 50 g ситно сецкани ореви + 50 g суво грозје
  • 80 g кокосов шеќер
  • 2 јајца
  • 1 поголема зрела банана или 2 помали
  • половина грчки јогурт или 80 g
  • 3 лажици маслиново масло.

Подготовка:

Првин во поголем сад ги мешате сувите делови (брашната, циметот, пецивото, оревите и сувото грозје). Во блендер ги мешате остатокот од состојките и на крај двете смеси ги соединувате убаво со лажица.

Садот во кој печев јас беше силиконски, но за секој случај го премачкав и со масло. Ако немате силиконски користете хартија за печење.

Е сега многу битен дел е печењето, НАЈБИТЕН! 😊

После многу направени банана лепчиња конечно ова не ми изгоре одозгора, а печев вака: само 10 минути во загреана рерна на 170-180°С. Потоа го извадив и го покрив со хартија за печење затоа што немав фолија и вратив во рерна на 100°С уште 50 минути. Ако ви е послаба рерната може и на 120°С. Кога беше готово одозгора беше доста тврдо, но го замоткав во крпа, а потоа во кесе и го оставив така преку ноќ. Го сечев следното утро и беше СОВРШЕНСТВО 🙂

Ние го јадевме со путер од бадеми од нашиот од FitDelights , со џем од јагоди и со свежи цреши.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *