Home Предизвици 30 дневен смути предизвик 30 дневен смути предизвик – Ден 1

30 дневен смути предизвик – Ден 1

5
0

Започнуваме 30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ќе ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 1

Смути со јагоди и чија семе

Јагодите се вистински богат извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина од витамин Ц, затоа што јагодите содржат повисок процент од овој витамин во однос на јужното овошје. Тие исто така содржат и фолна киселина неопходна за создавање на црвените крвни клетки, па затоа се препорачуваат на трудници и на деца во раст. Една порција јагоди задоволува околу 20% од дневните потреби за фолна киселина.

Сезоната на јагодите е на самиот почеток и затоа искористете го периодот на нивното изобилство и подгответе го ова превкусно смути од јагоди и чија семе.

Што ви е потребно?

  • околу 10 свежи јагоди
  • 1 банана (може и замрзната)
  • 200 ml јогурт
  • 1 мала лажичка чија семе

Сите сотојки ставате ги во блендер и убаво измешајте ги. На крај доколку уживате во декорации, украсете ја чашата како на сликата. Искористете неколку јагодки да ги украсите ѕидовите на чашата. Одозгора врз готовото смути посипете малку чија.

За крај, уживајте 🙂

by Елена Ѓорѓиевска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here