Home Предизвици 30 дневен смути предизвик 30 Дневен смути предизвик – Ден 28

30 Дневен смути предизвик – Ден 28

5
0

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 28

Омбре смути

За денес енергетско омбре смути во три бои кое ќе ве наполни енергија. Колку повеќе бои, толку повеќе витамини. Со ова смути ќе ги задоволите 100% дневните потреби за витамин Ц, а ќе внесете и многу минерали и антиоскиданси. Здравите навики во исхраната се клучни за добро здравје, а со ова омбре е еден од најинтересните трендови во подготвка на смути во последно време.

Што ви е потребно?

прв дел:

  • 10-тина вишни
  • 1/2 банана
  • 150 ml  незасладен овошен чај
  • 1 мала лажичка мед (по желба)

втор дел:

  • 1/2 киви
  • малку свежо нане
  • 1/2 банана
  • 150 ml незасладен чај од нане

трет дел:

  • 10-тина цреши
  • 10-тина зрна аронија
  • 10-тина јагоди
  • 1 мала лажичка чија семе
  • 150 ml незасладен овошен чај

Како да подготвите?

Најпрво подгответе го и изладете го чајот, потоа сите делови подгответе ги посебно. Чашата можете да ја декорирате по сопствен вкус, со јагоди, киви или со банана. Секој од деловите ставајте ги внимателно во чашата и внимавајте да не се измешаат. На крај завршете ја декорацијата со малку свежо нане,чија семе и неколку искршени бадеми.

На здравје 🙂

by Елена Ѓорѓиевска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here