Home Предизвици 30 дневен смути предизвик 30 дневен смути предизвик – Ден 6

30 дневен смути предизвик – Ден 6

6
0

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 6

Витаминско смути

Оваа комбинација од намирници е богата пред сѐ со витамин Ц и витамин А. Со ова смути ќе ги задоволите 100%  дневните потреби за овие витамини. Исто така ќе внесете повеќе од 1000 mg калиум, што е околу една третина од дневните потреби за калиум. Ѓумбирот е моќна намирница, која ја забрзува цикрулацијата и го помага исфрлањето на токсините од телото, исто така успешно помага во намалувањето на холестеролот во крвта. Лимонот и портокалот ќе ви помогнат да го алкализирате телото. Гоџи бобинките се единствени меѓу овошјето што ги содржат сите есенцијални амино киселини. Тие имаат најголема концентрација на протеини од било кое овошје. Исто така содржат и многу минерали (цинк, железо, бакар, калциум, германиум, селен и фосфор) и 15 пати повеќе железо од спанаќот.

Доколку сакате на телото да му дадете енергија и да го наполните со витамини и минерали, подгответе си го ова витаминско смути.

Што ви е потребно?

  • 1 портокал
  • сок од 1 лимон
  • 1 морков со средна големина
  • малку свеж ѓумбир
  • 1 супена лажица гоџи бобинки
  • 200 ml вода

Како да го подготвите?

Портокалот излупете го и искористете го цел, лимонот исцедете го и искористете го само сокот. Гоџи бобинките можете да ги ставите да киснат во вода околу половина час, но доколку немате време не морате. Ставете ги сите состојките во блендер и убаво измешајте.

За крај уживајте 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here