Масло од арган
Благотворни дејства: Маслото од арган познато како “течно злато”, се користело со векови од страна на бербер луѓето од северна Африка против сува и испукана кожа. Бербер жените до ден денес посочуваат кон маслото од арган како тајна за нивната млада и сјајна кожа.
Маслото е исклучително богато со витамин Е кој е антиоксиданс и на тој начин и помага на кожата во борбата против слободните радикали, кои се број еден причина за прерано стареење на кожата. Арган масло е исто така богато со токофероли и масни киселини, како што е линолна киселина кои ја подобруваат еластичноста на кожата на лицето.
Употреба: Арган масло е идеално масло за лице со анит ејџ ефект. Ставете неколку капки од маслото на вашите прсти и нежно измасирајте го на лицето по миење.
Секогаш е најдобро да го нанесувате маслото додека кожата на лицето е сеуште малку влажна, бидејќи тоа и помага на кожата побрзо да го апсорбира маслото, или не го сушете целосно лицето или шприцнете неколку капки нежен тонер за лице пред и после нанесувањето на маслото.
Кокосово масло
Благотворни дејства: Еден мој пријател вели: “Постојат три места каде што секогаш треба да имате кокосово масло во: вашата кујна, вашата бања и спалната соба”:)
Кокосовото масло не е само што е неопходна состојка во вашата кујна но исто така е и идеален крем за кожа. Маслото од кокос има антибактериски и антивирусни својства и продира во кожата многу брзо. Кога се нанесува на кожата, кокосово масло штити од микробни инфекции кои можат да навлезат во отворени рани или дури и преку порите.
Употреба: Кокосово масло е веројатно најефикасната, најевтина природна крема за тело.
Користете го кокосово масло како крема за тело и за да добиете мека кожа нанесете го на кожата после туширање, а особено за да ја хидрирате кожата во текот на зимата.
Исто така може да се користи и како крема за раце.
Кокосово масло има благ SPF фактор и на тој начин може да се користи наместо крем за сончање во текот на летото.
Масло од јојоба
Благотворни дејства: Јојоба (се изговарара хо-хо-ба) е растение кое најчесто може да се најде во пустинските предели на Северна Америка. Од јојоба семките се екстрахира јојобово масло. Јојоба маслото содржи голем број на витамини и минерали кој што се неопходни за здрава кожа, како витамин Е, Б комплекс, бакар, цинк и селен. Јојоба е многу нежно масло и затоа се препорачува на луѓе со многу чувствителна кожа.
Употреба: Маслото од јојоба може да се користи навечер за да го исчистите лицето. Маслото продира во порите и ги чисти од токсините и хемикалиите акумулирани во текот на денот. Се што ви треба е да навлажните една крпа и на неа да нанесете неколку капки масло од јојоба. Потоа со нежни кружни движења поминете го целото лице.
Исто така може да се користи и како масло за коса, после миење на косата додека косата е сеуште мокра размачкајте го маслото помеѓу рацете и поминете со нив низ косата. Ова ќе ја хидрира и подобри текстурата на вашата коса.
Масло од шипинка
Благотворни дејства: Маслото од шипинка се нарекува “кралица на маслата” бидејќи неговите благотворни дејства не само што се во голем број но и позитивните ефекти се брзо видливи.
Маслото од шипинка е богато се витаминот А кој што е многу важен витамин во побрзо заздравување на кожата од секакви рани и лузни. Mаслото е исто така богато со омега-3 масни киселини и со тоа и помага на кожата во побрзо обновување.
Употреба: Маслото од шипинка исто како и маслото од арган е идеално масло за лице. Нанесете го навечер на влажна кожа, а за неверојатен ефект измешајте неколку капки арган и неколку капки масло од шипинка и нанесете ги на лицето. Исто така може и да се користи и како крема после бричење бидејќи и помага на кожата побрзо да заздравее од иссекотини.
Користете масло од шипинка секогаш кога ќе сакате да го забрзате заздравувањето на кожата од исекотини, акни и сончеви изгореници.
Сусамово масло
Благотворни дејства: Маслото од сусам секогаш имало централна функција во традиционалната ајурведска медицина. Ајурведа е систем на традиционална медицина со потекло од Индија создадена пред повеќе од 3000 илјади години. Маслото исто како и маслото од кокос има антибактериски и антивирусни својства, со тоа и помага на кожата во борбата против акни.
Употреба: Во ајурведа маслото од сусам се користи за традиционална масажа која што се нарекува абјанга, во овој специјален тип на масажа се користи затоплено сусамово масло и со специјални движења се масира целото тело. Oвој вид на масажа е специјален вид на ритуал кој што се препорачува да се прави наутро пред туширање. Ајурведа тврди дека оваа масажа не само што ја подобрува циркулацијата на крвта, но и нанесување масло на кожата пред туширање и помага на кожата да се хидрира особено во сувите и студени зимски месеци.
Bare Origin е линија на производи за нега на кожа, која се состои од 100% природни, моќни состојки, кои се произведени транспарентно и доаѓаат директно од производителите до консументите. Bare Origin не користи хемикалии и работи проактивно за заштита на природните ресурси.
Нена Стојова е основачот на Bare Origin. По успешната кариера во IT индустријата во Шведска, Нена одлучи да ги претвори своето хоби и љубовта кој природата и здравиот живот во своја професија. Нејзината цел е, секој што ќе дојде во контакт со производите Bare Origin, не само да го искуси нивниот неверојатен ефект, туку и да знае точно од каде потекнува она што го користи. Секоја состојка има своја приказна и токму тоа сака да го сподели со сите љубители на богатствата од природата.
Доколку сте заинтересирани за овие природни производи, истите можете да ги најдете во концептуалната продавница на Public room , а доколку сакате да слушнете нешто повеќе околу оваа козметика повелете на 4-ти и 5-ти март на базар во Public room. Повеќе детали за настанот пронајдете тука.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.