5 начини за повеќе енергија преку целиот ден

Споделете со пријателите

Луѓето постојано се жалат дека се исцрпени, немаат доволно енергија или пак дека нивото на енергија им варира горе-доле. Некои едноставни промени во исхраната ќе ви помогнат да имате стабилно ниво на енергија подолго време.

1) Помогнете им на клетките да создаваат енергија

Коензим Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. За жал со стареењето или при одредени болести доаѓа до дефицит од овој мошне значаен коензим. Затоа потребно е да го внесуваме со храната со цел да си осигураме добро производство на енергија во телото. Особено добар извор на коензим  Q10 се мешунките(грав, грашок, леќа) и јатскастите плодови.

best-food-sources-of-zinc-04-722x406

2) Јадете на секои 2-3 саати

Кога сме во брзање често ни се случува да помине многу време помеѓу два оброка. Сето тоа многу влијае на нивото на енергија. За да спречиме пад на енергијата во текот на денот, неопходно е да спречиме осилации на нивото на шеќер во крвта. Најдобар и најлесен начин да се одржи константно ниво на шеќер во крвта е да се јаде на секои 2-3 часа. Тоа воопшто немора да биде многу храна – доволно е нешто да “грицнете”, но внимавајте на изборот. Изберете свежа салата, овошје, јаткасти плодови и сл. Избегнувајте процесирана храна како чипсови и кекси кои ќе ви дадат моментално убаво чувство и енергија но, кратко потоа ќе ве исцрпат, затоа што предизвикуваат раст па пад на нивото на инсулин.

3) Внесувајте доволно цинк со исхраната

Цинкот е вклучен во многу метаболички процеси за генерирање енергија во телото, па внесување на доволно количина цинк преку исхраната е особено важно за нивото на енергија. Цинкот е неопходен за здрави коски, добро функционирање на мозокот, срцето, црниот дроб и мускулите. Но, како да внесете доволно цинк? Конзумирајте секојдневно намирници како: пченични никулци, сончогледови и семки од ткива, лук, зелен лиснат зеленчук, моркови, грашок…

Green-vegetables

4) Конзумирајте доволно витамини од групата Б

Витамините од групата Б се од суштинско значење за производство на енергија. Многу е важно да знаете дека колку повеќе стрес имате, толку полесно доаѓа до намалување на нивото на овие витамини во телото. Б витамините спаѓаат во групата хидросолубилни витамини, тоа значи дека не се складираат во телото. Потребно е со внес преку исхраната да обезбедите доволно количина од овие витамини. Конзумирајте секојдневно намирници како: житарици, ориз, лиснат зеленчук, семки од тиква, бобинки, кељ и мешунки.

5) Вклучете протеини во секој оброк

Во денешно време синоним за протеини е месото што воопшто не е така. Постојат многу други, поздрави, одлични извори на протеини, вклучувајќи: тиква и семки од сончоглед, наут (леблебија), леќа, авокадо, ореви и бадеми. Протеините имаат низок гликемиски индекс, тие подолго време ослободуваат енергија, што помага во одржување на нивото на шеќер во крвта. Протеините се одлична намирница која ќе ви го одржи нивото на енергија подогло, без притоа да чувствувате глад.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *