7 трикови за побрз раст на косата

Споделете со пријателите

Користете сок од алое вера

Сокот од алое вера е исклучително хранлив и го поттикнува растот на косата. Со кружни движења, измасирајте го скалпот на главата користејќи сок од алое вера. Тоа ќе ви помогне да ја забрзате циркулацијата на крвта во главата, а со тоа ќе се зголеми дотокот на хранливи материи и ќе се забрза растот. Оставете го сокот да делува 2-3 часа и потоа измијте ја косата со шампон.

Направете маска од пантенол

Д- пантенолот е синтетички витамин Б5. Овој витамин е одговорен за обнова на фоликулите на влакната. Д-пантенолот можете да го најдете во форма на спреј во сите подобро снабдени аптеки. Можете да додадете од него во шампонот или едноставно да нанесете од спрејот во коренот  и убаво да измасирате. Користете го 1-2 пати неделно.

После миење, исплакнете ја косата со ладна вода

Ладната вода ги затвара порите и ја забрзува циркулацијата што како што кажавме погоре помага за зголемување на дотокот на хранливи материи и забрзување на растот на косата. Дополнително ладната вода и дава и поголем сјај на косата.

Користете јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага во активација на фоликулите на влакната и забрзување на растот на косата. Користете јаболков оцет за премивање на косата неколку пати месечно. Користете го наместо регенератор за коса и на крај немојте да го плакнете. На самиот почеток можеби мириса малку интензивно, но после кратко време мирисот се губи.

Маска од протеин

Направете хранлива маска од белки од јајца која ќе го нахрани скалпот  и ќе го поттикне растот. Со миксер измешајте две белки и нанесете ги на косата. Оставете ја маската да делува околу 1 час и потоа убаво и темелно исплакнете.

Маска од јајца и коњак

Комбинацијата од јајце и алкохол е одлична за скалпот затоа што јајцата се богати со хранливи материи, а алкохолот ја забрзува циркулацијата и помага за зголемена апсорпција на хранливите материи. Измешајте едно јајце со 2-3 лажици коњак. Можете да додадете и 1 лажица маслиново масло. Нанесете ја темелно маската и оставете ја да делува околу 30-40 минути. На крај исплакнете и измијте ја косата со шампон.

Користете етерични масла

Јојоба, бадем, лаванда, арган, рузмарин, мајчина душица…Овие етерични масла имаат благотворно дејство врз фоликулите на влакната. Богати се со многу витамини и хранливи компоненти кои поволно делуваат на растот на косата. Нанесете некое од овие масла или пак направете мешавина од неколку, убаво измасирајте го скалпот и оставете ги да делуваат 3-4 часа, можете дури и преку ноќ, па следното утро да ја измиете косата.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *