7 дена свежо цедени сокови – Ден 4

Споделете со пријателите

Нашиот предизвик продолжува, ако вчера успеавте денот да го започнете со свежо цеден сок, тогаш продолжете го тоа и денес.

За оние кои денес дознавате за предизвикот, проверете ги рецептите од претходните три дена и слободно вклучете се (Ден 1/ Ден 2/Ден 3).


Ден 4 – Цитус енергџи микс  

За денес имаме одлична комбинација на цитрусни овошја, праска, бело грозје и морков кои соединети во еден напиток овозможуваат одлична витаминска хидратација за целиот ден.

лимон – содржи голем процент на витамин Ц кој е моќен антиоксиданс (еден лимон дневно задоволува 50% од дневните потреби за витамин Ц), супстанците диосмин и хесперидин кои се наоѓаат во лимонот помагаат за намалување на вкупниот холестерол во крвта, лимонот го прочистува црниот дроб и помага за алкализирање на телото.

портокал – содржи голема концентрација на витамин Ц и многу влакна (еден портокал задоволува 100% од дневните потреби за витамин Ц), портокалот е одличен антиоксидас и прочистувач на црниот дроб, тој го чува имуниот систем и помага за подобро варење на храната.

морков – содржат големо количество на каротеноиди кои се моќни антиоксиданси, исто така морковот содржи и калиум и многу влакна, морковите ја забрзуваат детоксикацијата и ги активираат дигестивните ензими, на тој начин му помагаат на телото полесно да се ослободи од непотребните разградни метаболити, ги стимулираат бубрезите да лачат повеќе течности, но исто така имаат и термогенетски ефект што значи дека го поттикнуваат телото полесно и побрзо да согорува калории.

праска– одличен извор на витамин Ц и витамин А кои се одлични сојузници за убава нежна и негувана кожа

грозје – одличен извор на витамин А, Ц и К како и минералите калциум и железо, поради органските киселини, повеќето природни шеќери и целулозата грозјето е одличен лаксатив кој ја стимулира дигестијата и го олеснува празнењето на цревата.

Потребни состојки:

  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 1 праска
  • неколку зрна бело грозје
  • 1 морков
  • вода
  • коцки лед (по желба).

Начин на подготовка:

Најпрвин излупете го лимонот и портокалот. Иако некои луѓе во соковник ги ставаат и лимонот и портокалот со лушпа, сепак поздраво е да не го правите тоа, затоа што пестицидите и сите хемикалии се концентрираат во кората, од праската извадете ја семката, а морковот излупете го. Ставете ги сите состојки во соковник.

Од наведената количина на намирници ќе добиете нешто повеќе од 300 ml концентриран сок.  Ставете го концентрираниот сок во поголема чаша или во шише и дополнете со уште 200 или 300 ml вода. По желба додадете и неколку коцки лед.

Уживајте во утрото!

Можеби ќе ве интересира: 30 дневен смути предизвик.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *