Храната која ја внесуваме има големо влијание врз тежината. Некои намирници како свежо овошје и зеленчук, месо, кокосово масло и јајца можат да ви помогнат доколку сакате да намалите килограми. Процесираната храна и рафинираните шеќери го прават спротивното – можат да ве здебелат.
Во продолжение 7 намирници кои не треба да ги консумирате доколку сакате да ослабете:
- Помфрит и чипс
Компирот е здрава намирници која содржи сложени јаглехидрати кои можат да ве држат сити подолго време. Но, помфритот и чипсот воопшто не се здрави и се опасни за вашето здравје и за вашите килограми.
По загрижувачки е фактот што помфритот и чипсовите содржат супстанци наречени акриламиди кои можат да предизвикаат појава на канцер. Најдобар начин да ги консумирате компирите е да ги варите и зачините со омилените зачини.
- Газирани пијалаци
Газираните пијалаци спаѓаат во групата на најнездрави намирници. Тие можат да бидат причината зошто никако не можете да ги намалите килограмите. Газираните пијалаци содржат многу шеќери и многу калории кои сепак не ве држат сити. Постојаното консумирање на газирани пијалаци не е асоцирано само со зголемување на телесната тежина, туку и со други сериозни здравствени проблеми.
Доколку навистина сакате да ослабете и да го подобрите своето здравје откажете се комплетно од консумирање на газирани пијалаци.
- Бел леб
Белиот леб има навистина висок гликемиски индекс и многу бргу го зголемува нивото на шеќер во крвта. Тоа значи дека многу кратко после консумирање бел леб нивото на шеќерот нагло опаѓа и вие чувствувате напади за глад или нешто слатко.
Една студија во која учествувале 9267 луѓе кои јаделе по 120 g бел леб секој ден, дошла до заклучок дека ризикот зголемување на тежината кај тие луѓе е околу 40% (повеќе прочитајте тука).
Сепак наместо да јадете бел леб сега постојат навистина многу алтернативи од други интегрални брашна кои се многу поздрави и имаат многу помал гликемиски индекс од белиот леб.
Наши предлози:
Како да подготвите домашен, здрав хроно леб?
Вегански безглутенски леб од бадемово брашно и семиња
- Мусли барови
Мусли баровите се презентираат како здрави намирници со помалку шеќер и помалку калории. Но, дали сте ја свртеле декларацијата и убаво сте прочитале што содржат? Овие слатки задоволства не се најздравата варијанта која би можеле да ја имате за десерт. Полни се со шеќер, масти и најчесто содржат над 200 калории по парче.

За да бидете сигурни во тоа што јадете подгответе си сами, рецепт имаме тука.
Други идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.
- 100 % Џусови
Иако овие сокови се презентираат како 100% природни, сепак имаат многу малку заеднички особени со свежото овошје од кои мислиме дека се направени. Најчесто сите вакви џусови содржат многу шеќери и дополнителни конзерванси се со цел да имаат што е можно подолг рок на траење.
Замислите си дали сокот од портокал кој би го исцедиле вие, може да биде вкусен и свеж после 10 дена?
Следниот пат размислете два пати дали чашата џус е подобро да ја замините со свежо овошје или џус кој вие ќе си го направите.
- Сладолед
Сладоледот е навистина многу вкусен и некако е невозможно топлите летни денови да си ги замислиме без него. Но, дали сте се запрашале колку шеќер и колку калории има во само едена порција сладолед?

За да немате чувство на вина и да знаете што внесувате направете си сами здрав овошен сладолед.
Наши предлози:
Сладоледот може да биде здрав! 3 рецепти за домашно ледено освежување
- Пица
Пицата содржи тесто кое е направено од бело брашно, многу масти кои потекнуваат од масните сирења и кашкавали кои се користат. Скоро сите пици содржат и сувомесни производи кои се полни адитиви и конзерванси. За тоа колку калории има во една пица, нема да зборуваме 🙂
Но, како да и одолееме кога е толку вкусна?
Подгответе си домашна пица со тесто од карфиол, јајца и овесни снегулки. Рецептот пронајдете го тука.
Заклучокот е дека процесираната храна е најголемиот непријател и на нашите килограми, но и на нашето здравје. Секогаш кога имате можност подготвувајте си ги оброците сами бидејќи само така знаете што реално внесувате во вашето тело.
Калориите не треба секогаш да бидат најголемиот проблем. Тоа што е важно е нутритивниот состав на храната што ја внесуваме!







