Потребни состојки:
за долниот слој:
- едно пакување интегрални или овесни колачиња (јас користев wellnes)
- една дланка ореви
- една банана
- 2 лажици путер од кикиритки
- 2 лажици мед (може и помалку)
за горниот слој:
- 100 g темно чоколадо
- 2-3 лажици млеко (јас користев кокосово)
Начин на подготовка:
Најпрвин во сецко/блендер ставате ги бисквитите и оревите и добро сомелете ги. Потоа додајте ја бананата, медот и путерот од кикиритки. Смесата која ќе ја добиете треба да биде баш густа.
Ставете ја смесата во коцкасто плехче. За полесно да извадите на крај можете да користите и хартија за печење.
Стопете го чоколадото и во него додадете малку млеко. Со чоколадниот прелив прелијте го првиот слој.
Оставете во замрзнувач да стегне па насечкајте го колачот на коцки или било која посакуваната форма.
Потоа чувајте си ги коцките во обичниот фрижидер.
Декоријате по желба.
На здравје!
Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.








