1. Вагата е вашиот најискрен пријател
Многумина од нас често пати ќе ќажат дека се плашат да застанат на вагата, верувајќи дека вистината би ги разочарала. Но вусшност редовното следење на телесната тежина е најдобриот начин да ја согледате реалната слика.
Завршете ги вашите утрински обврски во бањата и застанете на вагата пред да ја облечете облеката. Бројката на килограми која ќе ја добиете во овој период е релативно вистинита за тоа која е вашата телесна тежина. Запаметете го резултатот.
Доколку во текот на првата половина од денот сте немале обилни оброци и сте консумирале поголемо количество на вода, застанете на вагата после враќањето од работа или вашите дневни обврски и отстранувањето на облеката. Оваа бројка на килограмите е реална, затоа што во предходниот период сте согореле енергија и сте ја исфрлиле водата која сте ја внеле.
До крајот на вечерта вашата тежина ќе варира во зависност од исхраната (јаглехидратите имаат тенденција да предизвикуваат задршка на вода како и конзумирањето на солена храна).
Споредувајте ги вредностите секој ден и најдете ја просечната вредност, па така, ако забележите драстични разлики, истите се должат на начинот на исхрана, а ако забележите постепено качување на тежината, повторете еден циклус диета.

2. Цикличен начин на исхрана (повторување на диетата)
Најдобар начин да ги одржите постигнатите резултати е циклично да се навраќате на диетата преку која ги имате постигнато истите, и тоа во скратена верзија. Обично диетите кои даваат најголем ефект имаат фаза на индукција, па така, повторете ја индукционата фаза во целост а потоа постепено почнете да ги внесувате останатите продукти во исхраната.
На овој начин правите еден вид „ресетирање“ па веројатно е дека во ваквиот циклус ќе ја исфрлите задржаната вода, ќе го прочистите организмот и ќе се вратите на вашата реална тежина. Доколку реалната тежина се разликува од она што го очекувате (таа е поголема) продолжете го периодот на диетата до посакуваниот резултат.
Сепак, внимавајте да не го нарушите балансот во организмот. Подложувајте се на диети кои се разумни и не му штетат на вашето здравје (многу зеленчук, оброци со висока нутритивна вредност и сл.).
Редовно правете лабораториски проверки на крвта за да дознаете како да делувате во однос на вашето здравје.
3. Направете врска помеѓу умот и телото
Не гладувајте. Гладот покрај тоа што му штети на телото предизвикува и низа други несвесни процеси кои му штетат на организмот. Така, после гладување, телото е склоно да задржува резерви „мислејќи“ дека повторно ќе следува период на глад. Ова е одбранбен, еволутивен механизам кој потекнува од времето кога човекот морал да ги поминува зимите во отсуство на храна или хибернација. Во денешно време имаме секакви намирници на располање и тоа во сите периоди од годината. Дозволете му на вашето тело да се навикне на сознанието дека храната е достапна, не мора да се зема во големи количини и ја има во секој момент кога е потребна.
Воспоставувањето на врската помеѓу умот и телото се однесува и на прејадување за време и после стресни ситуации, како и уживање во комфорт храна кога сакате да се опуштите или одморите. Дозволете му на телото да се навикне на фактот дека истото е подеднакво важно како и умот, и дека во здраво тело навистина постои здрав дух. Однесувајте се со подеднаква почит и кон двете.
Во овој дел би ја споменале и физичката активност, која покрај тоа што ќе ви овозможи да ги загубите или одржите килограмите, ќе ве направи да се чувствувате позитивно поради хемиските реакции кои се случуваат во мозокот кога сте активни.
Обидете се да го калкулирате внесот на калории. Читајте ги етикетите на производите кои ги конзумирате. Таквата ментална математика ќе ви помогне да бидете информирани за состојките кои ги внесувате и нивната нутритивна вредност, па следниот пат кога ќе посегнете по кесичка чипс или слатки, ќе размислите за тоа со што го храните своето тело.
Медитирајте во некоја јога позиција, па дури и на темата за врската помеѓу умот и телото, со сигурност би постигнале подобри резултати.
На ваков начин ќе ја подобрите личната дисциплина, навиките и како размислувате во врска со храната а притоа ќе ги кондиционирате и умот и телото да делуваат во ваша полза.
4. Класифицирајте ја храната за различни периоди во денот и пијте многу вода
Житарките и храна од житарки како и овошјето и храната која содржи шеќери резервирајте ги за првата половина од денот, до пладне или 14 часот. Најдобро е храната која содржи поголема количина на масти да не ја мешате со овие продукти туку истата да ја јадете со зеленчук.
Во текот на целиот ден пијте 8 или повеќе чаши вода. Освен што ваквата навика прави чуда за вашата кожа и целокупниот организам, помага и за забрзување на метаболизмот, исфрлањето на вишкот задржана вода и зголемување на чувството за ситост.
Јадете темно чоколадо во втората половина од денот доколку имате потреба за слатки.
Продуктите кои содржат кофеин како кафе, зелен и црн чај консумирајте ги во првата половина од денот како не би го нарушиле сонот кој исто така влијае на одржувањето на телесната тежина.
Оддвоете време за сами да си подготвите барем еден оброк во денот.
Вечерајте оброци со помала количина отколку во останатите периоди, а за да ги сузбиете крејвингот и гладот, пијте хербални чаеви кои го смируваат организмот и не го дразнат желудникот.
5. Направете мускули
За време на физичка активност со среден до поголем интензитет се трошат голем број на калории и се зајакнуваат мускулите на телото. Мускулите како органи трошат енергија дури и кога се во фаза на мирување. На овој начин ќе го трошите вишокот калории и за време на вежбањето но и за време на одмарањето.
Физичката активност ги согорува калориите, но ве прави здрави и на долгорочен период.








