Home Исхрана Halloween рецепт: Здрава чорба од тиква и морков

Halloween рецепт: Здрава чорба од тиква и морков

5
0

Имаме одличен здрав рецепт за ручек или вечера со тема Halloween – Здрава чорба од тиква и морков. Одличен и интересен начин да ги натерате најмалите да јадат здрава храна.

Изненадете ги за ноќта на вештерките и подгответе ја оваа вкусна чорба, брзо и едноставно бидејќи се состои од многу малку состојки и се подготвува навистина едноставно и брзо.

Потребни состојки:

  • 1 поголемо парче тиква
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку куркума, сол и бибер
  • за украсување индиски ореви (по желба).

Начин на подготовка:

Најпрвин тиквата и морковот убаво сварете ги, потребно е целосно да омекнат. Кромидот ситно насечкајте го и кратко пропржете го на маслиново масло. Кога ќе се сварат тиквата и морковот ставете ги во блендер и направете од нив пире. Додадете го пирето во тавата со запржениот кромид, измешајте убаво и додадете ги зачините и солта. Доколку ви е многу густо, слободно можете да додадете малку вода.

Ако сакате навистина да ги изненадите вашите деца, послужете им ја чорбата во мала издлабена тиква како што направивме ние 🙂

Добар апетит!

Рецептот и сликата за овој рецепт се на Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here