Home Рецепти Здрави десерти Чоколаден крем со стевиа

Чоколаден крем со стевиа

234
0

5 едноставни намирници ви се потребни за подготовка на овој здрав намаз. 🙂

Финалниот производ е фантастичен затоа што навистина може да се мери со вистинскиот чоколаден крем.

Потребни состојки:

  • 100 g мелени лешници
  • 3 лажички какао
  • 2 лажички стевиа
  • 3 лажички кокосово масло
  • околу 30-50 ml вода.

Начин на подготовка:

Подготовката е многу лесна – во сад се мешаат сите состојки. Намазот чувајте го во фрижидер, може да стои и 5-6 дена. Комбинирајте го за појадок со интегрално лепче или со овошје, а можете да го ставите и во овесна каша.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here