Чоколаден крем со стевиа

Споделете со пријателите

5 едноставни намирници ви се потребни за подготовка на овој здрав намаз.

Финалниот производ е фантастичен затоа што навистина може да се мери со вистинскиот чоколаден крем.

Потребни состојки:

  • 100 g мелени лешници
  • 3 лажички какао
  • 2 лажички стевиа
  • 3 лажички кокосово масло
  • околу 30-50 ml вода.

Начин на подготовка:

Во сад се мешаат сите состојки. Намазот чувајте го во фрижидер, може да стои и 5-6 дена. Комбинирајте го за појадок со интегрално лепче или со овошје, но можете да го ставите и во овесна каша.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *