Home Рецепти Здрави десерти Чоко мафини со темно чоколадо

Чоко мафини со темно чоколадо

97
0

Дозволете му на вашето семејство да се храни здраво, и стандардните десерти заменете ги со здрави десерти кои ќе станат секојдневие за вашите најблиски.

Белиот шеќер заменете го со некоја здрава алтернатива како: кокосов шеќер, мед, малтекс, јаворов сируп, маџун и слично, а белото брашно заменете го со интегрално, овесни снегулки, просо, киноа и друго. Секогаш користете путер или кокосово масло наместо маргарин.

Имаме одличен предлог за подготовка на вкусни чоко мафини со темно чоколадо, кои ќе бидат неодолив десерт за вашите најмили. 🙂

Потребни состојки:  

  • 2 јајца
  • 50 g путер
  • 4 лажици кокосов шеќер
  • 200 g интегрално брашно
  • 50 g мелени овесни снегулки
  • 2 лажички какао
  • 1 лажичка какаово масло (какао путер)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • цимет
  • 100 g темно чоколадо со 70% какао.

Начин на подготовка:

Сите состојки освен чоколадото убаво измешајте ги (ако смесата е многу густа, додадете малку вода). Чоколадото искршете го на чоколадни трошки, и не го додавајте во смесата туку оставете го за на крај.

Мафините ставете ги во силиконски калапчиња и печете ги во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути. При крај на печењето посипете ги мафините со чоколадните трошки!

Уживајте во десертот! 🙂

Начинот на подготовка можете да го видите и на нашето видео.

Рецептот и видеото ги подготви Елена Ѓорѓиевска.


Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here