Немате идеа за оброк после тренинг?
Подгответе го ова вкусно протеинско смути за побрза и поефикасна регенерација на мускулите после напорниот и енергичен тренинг.
Потребни состојки:
- околу 30 g сурутка – може и со вкус
- 200 ml вода
- 1 лажичка чиа семе
- 1 лажичка ленено семе
- 1 лажица трошки кокос
- 2 лажици бобинки по желба (пр. борвинки)
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте неколку минути.
Уживајте во убавиот и освежителен протеински напиток.
На здравје!








