Home Рецепти Здрави десерти Овесни мафини со банана и мед  

Овесни мафини со банана и мед  

229
0

Неодоливи мафини без шеќер и без брашно. Одлични се за целото семејство! 😊

Од наведената количина на намирници ќе добиете околу 12 мафини. Сепак бројот на мафини ќе зависи од тоа колкава големина се калапите кои ги користите. Најдобро е да користите гумени, затоа што во нив мафините воопшто не се лепат, а и лесни се за одржување.

Потребни состојки:

  • 1 чаша овесни снегулки
  • 4 лажици мешавина од мелен лен и сусам
  • 50 g путер
  • 2 лажици мед
  • 1 голема банана
  • 2 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • по желба: џем од слива.

Начин на подготовка:

Во блендер соединете ги заедно: путерот, медот, бананата, јајцата и екстрактот од ванила. Потребно е да се добие еднолична и хомогена смеса.

Во друг длабок сад измешајте ги заедно овесните снегулки, ленот, сусамот и прашокот за пециво. На оваа сува смеса полека додадете ја претходната мешавина, и мешајте дури не добиете еднолична текстура. Доколку смесата е малку течна, можете да додадете уште малку овесни снегулки.

Потоа со лажичка ставете од смесата во калапи за мафини, и печете во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути.

На крај кога ќе се испечат мафините, по желба можете да ги намачкате одозгора со џем од слива или кој било џем кој вас ви е омилен.

Добар апетит! 🙂


Можеби ќе ве интересира:

Екстра брзи здрави бомбици со суво овошје и јатки

Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here