Неодоливи мафини без шеќер и без брашно. Одлични се за целото семејство! 😊
Од наведената количина на намирници ќе добиете околу 12 мафини. Сепак бројот на мафини ќе зависи од тоа колкава големина се калапите кои ги користите. Најдобро е да користите гумени, затоа што во нив мафините воопшто не се лепат, а и лесни се за одржување.
Потребни состојки:
- 1 чаша овесни снегулки
- 4 лажици мешавина од мелен лен и сусам
- 50 g путер
- 2 лажици мед
- 1 голема банана
- 2 јајца
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка ванила екстракт
- по желба: џем од слива.
Начин на подготовка:
Во блендер соединете ги заедно: путерот, медот, бананата, јајцата и екстрактот од ванила. Потребно е да се добие еднолична и хомогена смеса.
Во друг длабок сад измешајте ги заедно овесните снегулки, ленот, сусамот и прашокот за пециво. На оваа сува смеса полека додадете ја претходната мешавина, и мешајте дури не добиете еднолична текстура. Доколку смесата е малку течна, можете да додадете уште малку овесни снегулки.
Потоа со лажичка ставете од смесата во калапи за мафини, и печете во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути.
На крај кога ќе се испечат мафините, по желба можете да ги намачкате одозгора со џем од слива или кој било џем кој вас ви е омилен.
Добар апетит! 🙂
Можеби ќе ве интересира:








