Совршен спој од спанаќ, интегрално брашно, киноа и јајца. Оваа пита е одличен и нутритивно вреден оброк кој изобилува буквално со сите хранливи нутритиенти. Одлична е и доколку немате идеи што да јадете на работното место, можете да си ја подготвите и да си ја земете со вас на работа. 😊
Потребни состојки:
- околу 400 сварен и ситно сецкан спанаќ
- 3 лажици варена киноа (може да се замени со просо)
- 3 лажици ‘ржано брашно
- 3 лажици овесни снегулки
- 3 лажици маслиново масло
- 3 јајца
- 1 кесичка прашок за пециво
- 4-5 ситно сечкани шампињони (опционално)
- ситно сечкан праз
- сол и црн бибер
- одозгора за наросување малку сусам – по желба можете да додадете и сирење (јас бидејќи не го сакам, направив без)
Начин на подготовка:
Сите состојки ги мешате заедно. Кога ќе добиете хомогена смеса истурете ја смесата во поголем плех на хартија за печење, и по желба наросете одозгора со сусам.
Печете во загреана рерна на 180°С околу 20 минути, ако сакате покрцкаво можете и подолго.

Можете да ја комбинирате со чаша јогурт. 🙂
Добар апетит!
Повеќе рецепти за здрави оброци пронајдете тука.








