Home Рецепти Здрави десерти Chocolate Energy Bites

Chocolate Energy Bites

88
0

Ова е одличен здрав десерт за цело семејство, и што е најинтересно можете да ги подготвите за некоја пригода за вашите деца (родендени или какви било прослави).

Доволно се тврди па лесно се ставаат на стапче, и што е најважно стојат. Ако ги правите за деца, можете дополнително да ги украсите со некои детски елементи.

Вкусот е совршен!

Јас ги направив така случајно од состојки што имав дома, но стварно излегоа супер, а еве што ставив во нив…

Состојки:

  • 200 g мелени интегрални бисквити (може било какви)
  • 100 g сува брусница
  • 100 g суво грозје
  • 100 g овесни снегулки
  • 1 банана
  • 100 g стопено темно чоколадо
  • по потреба многу малку вода или може и цеден сок од портокал.
  • за валкање: оставете малку од мелените бисквити или растопете 50 g темно чоколадо.

Подготовка:

Бисквитите ги ставив во блендер да станат брашно, па ги додадов овесните снегулки и сувото овошје. Чоколадото го стопив и бананата ја изблендирав. Сè заедно измешав и формирав топчиња. Од оваа смеса добив нешто повеќе од 25. Пола ги валкав во бисквитите, пола во стопено чоколадо.

Се изедоа за многу брзо, но претходно успеав да сликам. 😊

Ако ги направите ве очекувам со слика или таг! 😊

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here