Потребни состојки:
- 200 g непечен сончоглед
- 50 g непечени семки од тиква
- 10 црни маслинки
- 3 лажици ладно цедено сончогледово масло или маслиново
- 1 полна лажица сенф
- 50-тина ml вода
- 1 младо лукче
- хималајска сол.
Начин на подготовка:
Сончогледот и семките оставете ги да се киснат во вода, може и преку ноќ или минимум 2-3 часа. Фрлете им ја водата во која се киснеле и ставете ги во блендер заедно со сите други состојки. Вода можеби ќе треба да додадете малку повеќе, но ќе видите согласно густината. Додадете првин помалку, па ако има потреба додадете и плус.
Блендирајте додека не се изеданчи смесата, спакувајте во стаклен сад и чувајте во фрижидер.
Тоа е тоа, паштетата е спремна за мачкање.
Можете да ја јадете во многу комбинации: на лепче со зеленчук како мојата комбинација од сликата, да ја искористите да си направите вкусни врапови, да си мацкате краставици и моркови со неа и слично.
Јас ја користев вчера и како замена за доматен сос во пица 😊
Чувајте ја во фрижидер, за рокот на траење не сум сигурна, но јас веќе трети ден ја имам во фрижидер и е супер.
Мислам дека 5-7 дена може да стои без проблем.
На здравје!









