Паштета од сончоглед

Споделете со пријателите

Потребни состојки:

  • 200 g непечен сончоглед
  • 50 g непечени семки од тиква
  • 10 црни маслинки
  • 3 лажици ладно цедено сончогледово масло или маслиново
  • 1 полна лажица сенф
  • 50-тина ml вода
  • 1 младо лукче
  • хималајска сол.

Начин на подготовка:

Сончогледот и семките оставете ги да се киснат во вода, може и преку ноќ или минимум 2-3 часа. Фрлете им ја водата во која се киснеле и ставете ги во блендер заедно со сите други состојки. Вода можеби ќе треба да додадете малку повеќе, но ќе видите согласно густината. Додадете првин помалку, па ако има потреба додадете и плус.

Блендирајте додека не се изеданчи смесата, спакувајте во стаклен сад и чувајте во фрижидер.

Тоа е тоа, паштетата е спремна за мачкање.

Можете да ја јадете во многу комбинации: на лепче со зеленчук како мојата комбинација од сликата, да ја искористите да си направите вкусни врапови, да си мацкате краставици и моркови со неа и слично.

Јас ја користев вчера и како замена за доматен сос во пица 😊

Чувајте ја во фрижидер, за рокот на траење не сум сигурна, но јас веќе трети ден ја имам во фрижидер и е супер.

Мислам дека 5-7 дена може да стои без проблем.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *