Имав сварено поголема количина на мешавина од просо, хељда и зрна овес. Многу често на почеток на неделата знам да сварам повеќе и да си чувам во фрижидер за да имам за појадоци и за мене и за Ана за неколку денови. Оваа мешавина од житарки може да ја користите во се. Јас ја користам за смути, за каши, еве ја искористив во омлетот, за тостерки, за подготовка на овошен јогурт за Ана, за бомбици и слично.
Овој банана омлет е одлична совршено балансирана комбинација за вкусен појадок. Содржи се што ви е потребно од макронутритиенти, витамини и минерали. После ваков појадок нема да се чувствате прејдено, туку напротив ќе бидете полни со енергија и способни да “го зграпчите денот”.
Потребни состојки за омлетот:
- 1 мала банана
- 1 јајце
- 2 лажици од погоре споменатата варена мешавина од житарки
Начин на подготовка:
Се мати се заедно и се пржи на тавче кое не лепи, не го чекав да се направи како палачинка и го размешав па дојде како растурен омлет, но сепак превкусен.
Можете тавчето да го премачкате со кокосово или маслиново масло.
Јас комбинирав со плус свежо овошје, путер од кикиритки од @bonita_organic_nut_butter заедно со неколку бадеми и лешници.
Јадевме заедно Ана, таа ми ги изеде црешите и праската а јас другото 😊








