Баунти коцки – новогодишен здрав десерт (посно)

Споделете со пријателите

Здравите десерти можеби не се преблаги, но се совршена заемна за сите калорични торти полни со шеќер. Опции за здрави десерти кај мене можете да најдете многу.

Ова е еден одличен предлог за новогодишен здрав десерт кој ќе ви ја збогати новогодишната трпеза.

Потребни состојки:

прв слој:

  • 100 g овесни снегулки (мелени)
  • 100 g несолени бадеми (мелени)
  • 2 лажици путер од лешник (може да се замени со путер од кикиритки)
  • 3 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • сок од ½ портокал

втор слој:

  • 5 лажици гриз
  • 300 ml вода
  • 5 лажици кокосови трошки
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици путер од лешник (може да се замени со путер од кикиритики)
  • малку ванила
  • 2 лажици кокосово масло

чоколаден прелив:

  • 50 g темно чоколадо
  • 2 лажици кокосово масло
  • може и 3-4 лажици некое билно млеко (не е задолжително).

Начин на подготовка:

За подготовка на првиот слој овесните снегулки и бадемите ставете ги во блендер да се сомелат. Потоа ставете ги во друг сад и додадете го медот, кокосовото масло, путерот од лешник и сокот од портокал.

Убаво соединете и натапкајте ја смесата во мало правоаголно/коцкасто плехче (моето беше со димензии 19 cm x 19 cm). Задолжително користете хартија за печење за да можете лесно да извадите на крај.

За подготовка на вториот слој првин во тенџере на оган сварете го гризот заедно со водата (може да користите наместо вода и некое билно млеко). Кога ќе се згусне тргнете и додадете ги сите други состојки па убаво измешајте. Истурете го филот врз првиот слој и оставете го во замрзнувач малку да се стегне.

Кога ќе биде стегнато подгответе го чоколадниот прелив и само истурете одозгора. Насечкајте на коцки или на било какви посакувани форми.

Може да ги чувате коцките во замрзнувач ако сакате да имате подолго време, но можете и во обичниот фрижидер, затоа што филот си има супер цврстина.

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *