Home Рецепти Здрави десерти Бомбици со урми – здрава ужинка за пред вежбање

Бомбици со урми – здрава ужинка за пред вежбање

25
0

Ако спаѓате во групата луѓе кои тешко се откажуваат од слатките задоволства, ние имаме решение за вас. Се што ви е потребно е желба и малку време. Десертот не мора да не асоцира на нешто калорично и забрането, затоа што и десертите можат да бидат здрави ако ги подготвиме од здрави намирници. Трудете се секогаш кога можете сами да си ги подготвувате оброците, само на тој начин ќе имате целосен увид во тоа што внесувате во телото. Намирниците кои ги користите за подготовка бирајте ги внимателно, секогаш изберете органска варијанта, ако ви се нуди таква можност.

Во продолжение ви нудиме рецепт како сами да си направите Здрави бомбици со урми, овие бомбици може да ви бидат одлична ужинка која ќе ви даде енергија пред вежбање.

Што ви е потребно?

  • 300 g урми (исечкани на поситни парченца и претходно киснати 1-2 часа во вода)
  • 100 g сецкани или мелени ореви (оревите можете да ги замените и со бадеми или лешници)
  • 100 g кокосово брашно
  • цимет и ванила (по желба)

Како да ги подготвите?

Сите состојки убаво измешајте ги со лажица, доколку смесата е потечна во зависност од тоа колку урмите впиле вода, додајте уште малку кокосово брашно. На крај формирајте топчиња и валкајте ги повторно во кокосово брашно.

Природниот шеќер што се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се вари и го намалува чувството на глад. По својот состав, урмите се вистинска природна мултивитаминска бомба. Урмите содржат железо и ќе ви помогнат ако имате проблеми со анемија. Тие се одличен извор на растителни влакна и се препорачуваат доколку имате проблеми со варењето на храната, дијареа или потешкотии со празнењето на цревата. Урмите го зајакнуваат телото и го зголемуваат нивото на енергија па затоа се препорачуваат кај луѓе кои се физички активни. Сепак бидете внимателни и не претерувајте со нив бидејќи се висококалорично овошје кое содржи многу шеќери.

Ќе ве интересира: Урми – најслаткото овошје со многу бенифиции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here