Одлична идеа за здрав оброк за вас или за вашите дечиња.
Потребни состојки:
- 4 лажици варена киноа
- 1 лажичка кокосово масло
- 1 банана
- 1 лажичка какао
- 1 лажичка мед.
Начин на подготовка:
Киноата пред да ја варите покиснете ја во вода околу 3-4 часа, може и преку ноќ. Варете ја во многу вода, кога убаво ќе распукаат зрната преку цедалка фрлете го вишокот вода. Потоа во блендер ставете ги сите состојки и измешајте убаво. Можете и без блендер, односно да измешате се, а бананта да ја оставите на коцки и тркалца.
Ова е совршен појадок и за дечиња кои се 8+ месеци доколку го исклучите медот, инаку со мед е 12+.








